Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов од наградата „13 Ноември“ си направил партиска тезга

ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов од наградата „13 Ноември“ си направил партиска тезга

Петре Шилегов од реномираната награда „13 Ноември“ си направил партиска тезга. Наместо за заслужни скопјани или луѓе кои допринеле за Скопје и државата, тој во заминување потрча да им даде парична награда на Венко Филипче, кому му умреа над 7.000 луѓе од Ковид, и на Денко Малески за кого Македонците и Бугарите се ист народ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Филипче добива награда од Шилегов, потенцираат во соопштението од партијата на Мицкоски, во Чаир почина 26 годишна родилка при породување, додека во Битола 18 годишна девојка а притоа не се познати детално причините.

„Пред само некој месец на истиот тој Филипче, живи му изгореа 14 луѓе“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи комисијата за 13 ноемвриската награда да биде исполнета со партиски послушници на СДСМ, кои ќе ги девалвираат наградите кои имаа суштинско значење за градот.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт