Заев, премиерот во заминување, да си оди и од СДСМ, се истакнува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тој треба да си оди по најголемиот пораз како што го нарекуваат во историјата на локалните избори.
„Заев е делегитимиран од народот. Со пораз од над 100.000 гласови, народот покажа на 31-ви октомври дека Заев не треба да биде ниту еден ден повеќе на власт.
Зоран Заев изгуби во над 40 општини. Народот му даде црвен картон на Заев, премиерот во заминување, кој треба да си замине и од СДСМ. Колку побргу Заев си замине од политичката сцена, толку подобро за државата“, се додава во напишаното.
Зад себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе остави само криминал, корупција и сиромаштија која ја донесе за народот.
„За првите две работи ќе одговара, а за третата тој и неговата партија долго време ќе бидат опозиција. Време е за проекти и победи“, е нагласено во писмената реакција.