Утрински Весник
Спорт

Далиќ: Ние сме фајтери, борци, победници – на овие момци им верувам до небо!

Далиќ: Ние сме фајтери, борци, победници – на овие момци им верувам до небо!

Хрватската фудбалска репрезентација утре од 15 часот на „Пољуд“ игра меч против Русија, последен во квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар.

Момците на селекторот Златко Далиќ со победа одат директно на Мундијалот, а со нерешено или пораз ќе мораат да играат бараж.

„Ние сме репрезентација која се брани и така игра фудбал. Ние сме фајтери, борци, победници и тоа ќе го покажеме утре. Ќе не понесе атмосферата. Јас сум полн со самодоверба и верба во оваа селекција. На овие момци им верувам до небо!“ рече денеска на прес-конференција селекторот Златко Далиќ.

Русија одигра одлично во овие квалификации и во последниот меч влегува со 24 бода, 2 повеќе од Хрватска.

„Тие нема да играат на реми, затоа што ако така играш – ќе загубиш. Тие преферираат напаѓачки фудбал, но тие ќе се борат толку колку што ние ќе им дозволиме“ рече Далиќ.

> Далиќ: Ние сме фајтери, борци, победници – на овие момци им верувам до небо! <

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026