Утрински Весник
Македонија

Земјотрес во Дебар, епицентарот бил во Албанија

Земјотрес во Дебар, епицентарот бил во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 08 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 120 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а беше почувствуван од населението во западните делови од нашата Република со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираа надлежните.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија