Утрински Весник
Македонија

Габер: Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив

Габер: Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив

Политиката на проширување е најдобрата алатка за демократско консолидирање, поттикнување на сложени реформи и зајакнување на слободите и основните права, меѓутоа нејзината трансформативна моќ се темели на условеноста и објективното вреднување на резултатите во процесот низ кои се одразуваат вредностите на Европската Унија, изјави денеска државната секретарка со Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер на Конференцијата посветена на Западниот Балкан и ЕУ во Вилнус, организирана од Комисијата за европски прашања во Парламентот на Литванија.

„Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки. Преку посветеноста на европската агенда и исполнувањето на условите од Брисел, инвестиравме енергија за европеизација на општеството, но и политички капитал. Меѓутоа ослабената перспектива за европска интеграција предизвикана со повторниот застој во процесот покажува дека неисполнетите ветувања на ЕУ имаат реперкусии врз стабилноста и просперитетот“, нагласи Габер во обраќањето на панелот „Западен Балкан – статус кво и клучни предизвици“.

Таа посочи дека ветото на Бугарија не го блокира само патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, туку и европските политики во регионот и ги поткопува кредибилитет на Унијата и довербата на јавноста.

Можете да прочитате

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија

Привремен престој и лични карти за странци отсега на нова локација

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот