Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Се покажа дека со измами и манипулации не може да се дојде до мнозинство

(Видео) СДСМ: Се покажа дека со измами и манипулации не може да се дојде до мнозинство

Демаскирана е уште една голема лага на Христијан Мицкоски. Се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство. Соочен со пораз на неговите невистини, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка рече на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Со денови, Христијан Мицкоски го лажеше народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата. За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без било какви приниципи посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата. Наместо да се засрами, да се извини, да понесе одговорност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со невистини за наводно киднапирање на пратеник. Во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка“, рече Кузеска.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави