Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Преовлада свеста за евроатлантската ориентација на земјата

Ахмети: Преовлада свеста за евроатлантската ориентација на земјата

Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи.

„Преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост.

Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, ЕУ, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде“, додава Ахмети.

Тој воедно нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со еуфорија.

„Засекогаш заедно!“, порача лидерот на ДУИ.

Можете да прочитате

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот