Утрински Весник
Свет

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на гасот не е одобрена од Москва

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на гасот не е одобрена од Москва

Изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, дека ќе го блокира транзитот на гас за Европа, не е одобрена од Москва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Не, неговата изјава не беше координирана со нас. Станува збор за нашиот сојузник, Белорусија е суверена држава“, изјави Песков и додаде дека Русија ќе остане сигурен снабдувач на енергија на Европа, без оглед на акциите на Белорусија, пренесе ТАС С.

„ Русија отсекогаш била и потенцијално ќе остане земја која гарантира енергетска стабилност на европскиот континент. Без разлика на акцијата на белоруската страна, Москва сигурно ќе и гарантира на Европа енергетска безбедност“, додаде портпаролот на Кремљ.

Можете да прочитате

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари