Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Динамичен ден, имав и лесна хируршка интервенција

Мицкоски: Динамичен ден, имав и лесна хируршка интервенција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи објави дека попладнево имал лесна хируршка интервенција, иако во објавата не презизира за што конкретно станува збор.

Тој посочува дека по 45-минутната интервенција се чувствува одлично, а во рамки на објавата постави и фотографија на која е на болнички кревет.

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично“, посочува Мицкоски во објавата во која изразува и благодарност до медицинскиот персонал.

Можете да прочитате

„Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказна

Мицкоски на конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Германија: Дијаспората е нераскинлив дел од татковината

Пронајдени марихуана, кокаин и прашкасти материи на повеќе локации во државата