Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кој друг ако не тој: Брус Вилис во акциониот трилер „Тврдина“

(Видео) Кој друг ако не тој: Брус Вилис во акциониот трилер „Тврдина“

Трејлерот за филмот „Тврдина“ (Fortress), прв од претстојната акциона трилогија, го покажува холивудскиот ветеран Брус Вилис во акција.

Вилис е пензиониран разузнавач кој се здружува со својот син, кој го глуми Џеси Меткалф, за да се пресмета со криминалец.

Во клипот, кој беше објавен во средата, 66-годишната ѕвезда ја покажа својата цврста страна додека го штити идиличниот резорт од криминалниот пекол.

Проектот се рекламира како прв дел од планираната трилогија филмови.

Можете да прочитате

Сите правиме грешка при подготовката на кафе

Во ресторани на Сардинија почнува едномесечна пробна програма „Ручек без екрани“

Најопасната саксија за секое растение