Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанчева: Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, се вратија и режимските методи

(Видео) Јанчева: Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, се вратија и режимските методи

Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил, посочи денеска Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот. Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци“, рече Јанчева, додавајќи дека станува збор за истите методи од најцрното време на режимот.

Според неа, ваквите дела истовремено го покажуваат очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

„Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили. Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати“, порача Јанчева.

Можете да прочитате

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Средба Шасивари – Бочек – 24info.mk

Во последните 24 часа уапсени осум возачи