Утрински Весник
Свет

Путин и Лукашенко загрижени поради полските војници на границата

Путин и Лукашенко загрижени поради полските војници на границата
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко денеска разговарале за мигрантската криза на белоруско-полската граница по што изјавија дека се загрижени поради присуството на полски војници, пренесе белоруската државна новинска агенција „Белта“.

„Посебно место во разговорот зазеде дискусијата за ситуацијата на белоруско-полската граница и за острите постапки од полската страна кон цивилите“, пишува „Белта“.

„Истовремено, беше истакнато, дека особено загрижува фактот за собирање на редовни полски војници на границата. Претседателите детално разговараа за вознемирувачките факти и трендови кои се случуваат на белоруско-полската граница“, се наведува во извештајот.

Полските власти соопштија дека илјадници мигранти се собираат во близина на границата со Белорусија. Варшава го обвини Минск дека се обидува да предизвика поголем судир преку поттикнување на мигрантите да преминат во Полска и во Европската унија, што ги разгоре повиците до Унијата за воведување на нови санкции кон Белорусија.

Полска објави дека распоредила дополнителни војници и полиција на границата, додека, пак, соседната Литванија воведе вонредна состојба на границата со Белорусија.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот