Утрински Весник
Магазин

Вин Дизел го кани Двејн Џонсон за „Брзи и бесни 10“ во обид да стави крај на кавгата

Вин Дизел го кани Двејн Џонсон за „Брзи и бесни 10“ во обид да стави крај на кавгата

Вин Дизел и Двејн Џонсон не се во добри односи уште од 2016 година. Нивните меѓусебни вербални напади и препукувања беа често објавувани во таблоидите.

Актерите почнаа да работат заедно во сагата за брзите и бесни Fast & Furious во во 2011 година, каде Џонсон се приклучи на серијалот како Лук Хобс, а Дизел ја повтори својата иконска улога како Доминик Торето.

Сега, Дизел апелира до Џонсон во јавна објава на Инстаграм да се врати во серијалот и „да го манифестира најдобриот ‘Брз’ во финалето, а тоа е 10-ка“.

Нивната кавга првпат го привлече вниманието на јавноста во август 2016 година, кога Џонсон напиша на сега избришаната објава на Фејсбук: „Некои се однесуваат како вистински професионалци, додека други не. Оние кои не се, премногу се плашат да направат нешто во врска со тоа.“

Иако Џонсон не именуваше никого директно, брзо стана јасно дека објавата покажува со прст директно кон Дизел.

Нивната расправија никогаш не беше целосно решена.

Можете да прочитате

Поправка или замена – што е поисплатливо кога ќе се дупне гума

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети