Утрински Весник
Спорт

Без Јаховиќ и Ракип против Ерменија и Исланд

Без Јаховиќ и Ракип против Ерменија и Исланд

Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) ќе ги пропуштат квалификациските натпревари против Ерменија и Исланд. Селекторот Благоја Милевски дополнително ги повика во националниот тим Енур Тотре и Доријан Бабунски.

ФФМ, информира дека Ракип има болка во коленото, денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Јаховиќ поради повреда (задна ложа) излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Македонија на 11.ноември ќе гостува во Ерменија, а три дена подоцна, овој квалификациски циклус ќе го заврши во Скопје, против Исланд.

Извор/ ffm.mk

> Без Јаховиќ и Ракип против Ерменија и Исланд <

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС