Утрински Весник
Македонија

459 казни за брзо возење

313 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 459 возачи, информираа од МВР.

Од нив, како што појаснуваат од министерството, 58 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

Полицијата соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици