Утрински Весник
Свет

Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид- 19 за прв пат по 15 месеци

Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид- 19 за прв пат по 15 месеци

Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од Ковид-19, за прв пат по повеќе од една година, објавија локалните медиуми.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 драстично се намали низ Јапонија бидејќи повеќе од 70 проценти од населението досега е вакцинирано.

Бројот на новозаразени достигна врв во текот на август, кога имаше повеќе од 25.000 инфицирани лица дневно, што беше последица на брзото ширење на делта варијантата на коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата во Јапонија, повеќе од 18.000 луѓе починале од Ковид-19.

За да се спречи можен нов бран на ширење на вирусот во текот на зимата, владата планира да започне со дополнителна вакцина следниот месец и работи на обезбедување третман базиран на апчиња за поблаги случаи на болеста за да се намали хоспитализацијата.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел

Венецуелската држава Ла Гваира прогласена за зона на катастрофа