Утрински Весник
Спорт

Верона непоразена во Неапол, Лацио лесно ја реши Салернитана

Верона непоразена во Неапол, Лацио лесно ја реши Салернитана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на табелата во италијанската Серија А – Наполи одигра само 1-1 на „Диего Марадона“ против тимот на Верона. Иако гостите од „градот на љубовта“ мечот го завршија со само 9 играчи во поле, сепак скинаа два бода од фаворитот.

Македонскиот фудбалски репрезентативец на почетокот на мечот остана на клупата за резерви, а во игра влезе во 62 минута.

Гостите први дојдоа во водство, во 13 минута преку Симеоне.

Сепак, наполитанците по само 5 минути израмнија на 1-1, стрелец Ди Лоренцо.

Во продолжение на мечот играчите на Наполи шутираа кон противничкиот гол, но ниту една топка не отиде кон мрежата на голманот Монтипо.

Во 88 минута гостинскиот фудбалер Даниел Беса заработи втор жолт картон, а во 93 минута поради удар со лакт исклучен беше и Хрватот, Никола Калиниќ.

Сепак, промена на резултатот немаше.

Наполи по 12 кола се уште е лидер и непоразена екипа, со 1 бод повеќе од Милан кој вечерва го игра дербито со Интер.

Тимот чиј тренер е Игор Тудор моментно е на 10-тата позиција на табелата со 16 бода.

Во истиот термин во Рим се играше и мечот Лацио – Салернитана.

„Небесносините“ лесно стигнаа до триумф од 3-0 против претпоследната екипа на табелата.

Головите за Лацио беа дело на Имобиле (31), Педро (36 минута) и Луис Алберто во 69 минута.

Попладнето Болоња славеше во Џенова кај Сампдорија со 1-2.

Удинезе, пак, го победи Сасуоло со 3-2, а нашиот репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви.

> Верона непоразена во Неапол, Лацио лесно ја реши Салернитана <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата