Утрински Весник
Спорт

Атлетико се „лизна“ на „Местаља“, прими 2 гола во судиско надополнување

Атлетико се „лизна“ на „Местаља“, прими 2 гола во судиско надополнување

Актуелниот шпански шампион, екипата на Атлетико Мадрид загуби веќе впишани 2 бода во Валенсија. Победа на четата на Чоло Симеоне на „Местаља“ и избега откако примија два гола во 92 и во 96 минута.

Луис Суарез беше „виновникот“ што гостите од Мадрид заминаа со предност од 1-0 на полувремето. Тој прецизно биеше во мрежата на Силесен во 35 минута.

Дефанзивецот на „јорганџиите“ Стефан Савиќ во 50 минута си постигна автогол, па на семафорот стоеше 1-1.

Сепак, фаворитот повторно се врати во водство, овојпат преку Гризман во 58 минута. Францускиот репрезентативец од работ на шеснаесетникот го погоди аголот од голот на Валенсија за 1-2.

Третиот гол во мрежата на домашните беше дело на Врсаљко во 62 минута.

Кога сите во Валенсија веќе се помирија со новиот пораз, „лилјаците“ не се предадоа.

Се играше 92 минута кога 22-годишниот нововлезен фудбалер на Валенсија, Хуго Дуро постигна погодок за 2-3.

Пред последниот судиски свиреж истиот играч со својот втор денешен гол и донесен голем бод на Валенсија, а му откина два битни поени на Атлетико во трката за новата титула.

По 12 кола Атлетико останува на четврта позиција со 23 поени, 4 помалку од Реал Мадрид.

> Атлетико се „лизна“ на „Местаља“, прими 2 гола во судиско надополнување <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина