Утрински Весник
Свет

Осудени 70 членови на најмоќната мафијашка група „Ндрангета“

Осудени 70 членови на најмоќната мафијашка група „Ндрангета“

Италијанското судство осуди 70 членови и помошници на „Ндрангета“ – најмоќната мафијашка група во Италија.

Судијата Клаудио Париз ги прочита пресудите за 91 обвинет во големиот суд на градот Ламезија Терме, каде од јануари им се суди на стотици луѓе под сомнение дека работат или соработуваат со групата на органзиран криминал „Ндрангета“.

Некои беа осудени на највисоката можна казна од 20 години затвор, по барање на обвинителите. Дел од нив се Доменико Макри, член на военото крило група, Пасквале Галоне, десната рака на наводниот шеф на мафијата Манкус, за кого судењето се уште трае, и Грегорио Ниглија кој го набавувал оружјето и се занимавал со изнуди.

Околу една третина од групата е осудена на десет и повеќе години затвор, а 21 лице е ослободено од обвиненијата.

Во судската постапка, што се очекува да трае уште најмалку две години, уште 355 обвинети чекаат судење.

Мафијата „Ндрангета“ контролира голем дел од трговијата со кокаин што влегува во Европа.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат