Утрински Весник
Спорт

Солскјер пред дербито ги провоцира „граѓаните“

Солскјер пред дербито ги провоцира „граѓаните“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Попладнево на „Олд Трафорд“, во Манчестер, Јунајтед и Сити ќе ја имаат 186. градска пресметка. Двата тима на табелата ги делат три бода, Сите се трети со 20, Јунајтед петти со 17 бодови.

Манчестер јунајтед ќе го одиграат првиот меч на домашен терен по катастрофалниот пораз од Ливерпул (0:5). Јавноста во Англија шпекулира дека во случај на пораз, Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ.

Норвежанецот како и многу пати досега не е загрижен за својата иднина во клубот, туку во пресрет на дербито најде време да испрати провокација до градскиот ривал.

„Никој, никогаш нема да биде блиску до Јунајтед, ние секогаш го возвраќаме ударот. Ние сме најдобриот клуб во градот и во светот“, рекол Солскјер.

Натпреварот Манчестер јунајтед-Манчестер сити ќе започне во 13.30 часот.

> Солскјер пред дербито ги провоцира „граѓаните“ <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата