Утрински Весник
Свет

Во судир на Западниот Брег убиено 13-годишно палестинско момче

Во судир на Западниот Брег убиено 13-годишно палестинско момче

Израелските војници денеска застрелале 13-годишно палестинско момче за време на судир во окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија веднаш не го коментира инцидентот што се случил источно од градот Наблус во централниот дел на Западниот Брег, пренесе „Ројтерс“.

Момчето било погодено во стомакот и набргу починало кога итно било префрлено во болница, соопштија од Министерството за здравство и лекарите.

Уште шест Палестинци биле згрижени на местото на судирот во селото Бејт Даџан откако вдишале солзавец фрелен од израелските војници, соопшти палестинската служба за итни случаи при Црвената полумесечина.

Можете да прочитате

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Руски дрон удрил во електрана во Естонија