Утрински Весник
Спорт

Проблем за Јунајтед, Варан ќе паузира еден месец

Проблем за Јунајтед, Варан ќе паузира еден месец

Рафаел Варан ќе паузира најмалку еден месец. Играчот на манчестер јунајтед го повредил мускулот.

Францускиот репрезентативец, се повреди во вторникот, во Бергамо против Аталанта. Варан теренот го напушти во 37.минута. Варан ја обновил повредата, поради која веќе отсуствуваше три недели.

Варан ќе го пропушти дербито против Манчестер сити, кое ќе се одигра утре. Исто така тој нема да биде во тимот против Вотфорд и Челси, како и против Виљареал во Лигата на шампионите.

Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед е повредата на Виктор Линделоф. Менаџерот, Солскјер, од централните дефанзивци на располагање ги има само Хари Мегваер и Ерик Баи.

> Проблем за Јунајтед, Варан ќе паузира еден месец <

Можете да прочитате

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб