Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Партијата се реорганизира – со оставката на Заев, во оставка е и целото раководство

СДСМ: Партијата се реорганизира – со оставката на Заев, во оставка е и целото раководство

СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство, велат од партијата. Од таму истакнуваат дека  согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Зоран Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.

„Заедно со претседателот Зоран Заев, раководството работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата. На денешниот состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани“, велат од СДСМ.

Од партијата информираат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.

На денешниот состанок на раководство на СДСМ, Заев информирал за консултациите и разговорите со коалициските партнери.

„Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока се разговорите со сите коалициони партнери од парламентарното мнозинство. Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија подршка на влада од оваа парламентарно мнозинство. На Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување“, велат од СДСМ.

 

Можете да прочитате

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Мега Парк или Мега депонија? – Децата во Ново Село играат врз еколошка бомба

ЦУК: Од вкупно 34 пожари на отворено, два сè уште се активни, а четири се под контрола