Утрински Весник
Магазин

Пентхаусот на Мерлин Монро во Вест Холивуд се продава за 2,49 милиони долари

Пентхаусот на Мерлин Монро во Вест Холивуд се продава за 2,49 милиони долари

Луксузен двокатен пентхаус стан што некогаш наводно ѝ припаѓал на Мерлин Монро, а се наоѓа во внатрешноста на „Гренвил тауерс“ во Вест Холивуд, се појави на пазарот на недвижности по цена од 2,49 милиони долари.

Се верува дека легендата на сребрениот екран и една од најпознатите филмски икони живеела во станот некаде во есента 1954 година пред да се пресели во Њујорк во 1955 година за да студира глума и да ја води својата продукциска компанија „ММП“.

Најимпресивниот дел на единицата во Sunset and Crescent Heights е спалната соба со прозорци од подот до таванот и вградени прозорски седала.

Овој пентхаус може да се пофали со високи тавани, кружни скали, дрвени подови од шеврон и 2,032 квадратни метри простор.

Аманда Лин, вработена во агенцијата за недвижности, откри дека има второ „тајно“ скалило кое води до големa празнина, која е претворена во плакар.

Местото во француско-нормандиски стил првично беше дизајнирано во 1930 година од Лиленд Брајант и нуди две спални соби, две бањи слични на спа и две места за паркирање.

Можете да прочитате

Трчањето во зима е корисно

Дел од Амазонија има нов приватен сопственик

Прогласени 10-те победнички во националниот избор за “Жена на годината 2025” во Македонија