Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 131 Авганистанец кои работеле во Обединетите Нациии

(Видео) На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 131 Авганистанец кои работеле во Обединетите Нациии
Img 7972

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан.

Од Владата информираа дека се работи за вработени на Обединетите Нации, за кои Северна Македонија обезбедила привремен престој до нивното заминување во трета држава.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

„Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.  Авганистанците ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации“, велат од Владата.

Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Северна Македонија досега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите