Утрински Весник
Спорт

„Кога Јокиќ не е на теренот нашата игра се распаѓа“

„Кога Јокиќ не е на теренот нашата игра се распаѓа“

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, ги критикувал своите кошаркари по поразот од Мемфис Гризлис (108:106). Денвер, по првите осум натпревари имаат скор од четири победи исто толку порази.

„Секогаш кога Јокиќ ќе излезе од игра сѐ се распаѓа. Секоја вечер е така. Жал ми е за него. Ако продолжиме да го користиме со вакво темпо ќе го потрошиме до Божик“, рекол Мелоун.

Јокиќ против Мемфис забележа 34 поени и 11 скока. Не успеа да го погоди последниот шут на мечот, со кој можеше да избори продолженија.

„Ќе живеам со тие шутеви, не е важни и да промаши 1.000 пати од исто толку обиди. Никола е МВП во лигата, кога се решава натпреварот топката треба да биде кај него“, истакнал тренерот на Денвер.

> „Кога Јокиќ не е на теренот нашата игра се распаѓа“ <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0