Утрински Весник
Свет

СЗО: Европа повторно е епицентар на пандемијата

СЗО: Европа повторно е епицентар на пандемијата

Европските земји се соочуваат со рекорден број нови случаи на Ковид-19. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека таквата висока стапка на пренос може да доведе до половина милион дополнителни смртни случаи на континентот до февруари.

„Темпото на пренос на вирусот во Европа е многу загрижувачко“, соопшти СЗО.

„Повторно сме епицентарот“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на видео конференција, пренесе „Ројтерс“.

„Сегашното темпо на инфекција во 53 земји во европскиот регион е многу загрижувачко (…) ако останеме на тој пат, би можеле да имаме дополнителни половина милион смртни случаи предизвикани од Ковид-19 до февруари“, рече тој.

Можете да прочитате

Ученик пукаше во училиште на Филипините, најмалку шестмина загинаа

Фицо: Нема да одиме во војна поради некаков Член 5

Во Амазонија пронајден човек кој живее сам во изолација веќе 38 години