Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Излезе на виделина лагата на Мицкоски, нема ново парламентарно мнозинство

СДСМ: Излезе на виделина лагата на Мицкоски, нема ново парламентарно мнозинство

Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема, соопштија од владејачката СДСМ.

Оттаму потенцираат дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

„ Ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го загрозуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да ја вратат државата назад во темното минато на режимот“ се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт