Утрински Весник
Спорт

Реал со новиот „Бернабеу“ ќе заработува екстра 100 милиони евра годишно

Реал со новиот „Бернабеу“ ќе заработува екстра 100 милиони евра годишно

Кога минатата година целиот свет го тресеше глобална пандемија на коронавирусот, Реал Мадрид почна со модернизација на својот стадион, кој го носи името на клупската легенда Сантијаго Бернабеу.

Пред 2 месеца беа завршени работите на тревникот и на трибините, а опширните работи сѐ уште се во тек. Тука се вклучува монтажа на покрив, кој ќе се поместува, модернизација на внатрешноста, но и ново руво за надворешната фасада.

Навивачите сакаат потполно шаренолик дел од стадионот во внатрешноста, со голем избор на содржини, па планирана е изградба на неколку ресторани – конкретно дури 5. Сето тоа би требало да е готово до декември в година.

За навивачите да не чекаат во ред за да нарачаат храна и пијалак, се подготвува апликација, со која сето тоа ќе може да го нарачаат и да им биде доставено до местото на трибините каде што се сместени.

Сето тоа би ги зголемило приходите во „кралскиот клуб“ петпати, па Реал годишно би заработувал стотици милиони евра само од тој сегмент.

> Реал со новиот „Бернабеу“ ќе заработува екстра 100 милиони евра годишно <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина