Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Димитров од Белград: Да дадеме сигнал дека сме посветени на „Отворен Балкан“ и покрај политичката криза во земјата

Димитров од Белград: Да дадеме сигнал дека сме посветени на „Отворен Балкан“ и покрај политичката криза во земјата
Dik 300x250 mk

Во име на Владата на Северна Македонија, заменик претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска пристигна во Белград на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”.

При самото пристигнување, Димитров посочи дека регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и неговото учество на овој состанок.

„Јас пред сѐ доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да продолжиме да ја продлабочуваме. Додаваме еден важен сегмент утре – како дигитализацијата може да ни помогне за да ја забрзаме и продлабочиме регионалната соработка. Доаѓам во момент кога како што знаете, во нашата Македонија, во Северна Македонија завршија локални избори, има извесни политички предизвици, а и политичка криза на некој начин. Важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава, сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија што цел првенствено е европски Балкан“, изјави Димитров.

Од неговиот кабинет информираат дека се предвидени лидерски средби со претседателот на Србија – Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија – Еди Рама, како и со претставници на компаниите од трите земји кои учествуваат во оваа платформа за унапредување на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ