Утрински Весник
Економија

Кина ги повикува граѓаните да складираат основни залихи од храна во случај на итност

Кина ги повикува граѓаните да складираат основни залихи од храна во случај на итност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеската влада им порача на граѓаните да направат залихи од храна во случај на итни ситуации, откако коронавирусот и обилните дождови предизвикаа повисоки цени на зеленчукот и ја зголемија загриженоста за можен недостиг.

Ваквата порака од Министерството за трговија предизвика загриженост на домашните социјални мрежи. И додека некои коментираат како дошло до ваква порака поради зголемените тензии меѓу Кина и Тајван, други коментираат дека ќе набават основни намирници: ориз, масло и сол.

„ Штом дознав за оваа порака, сите постари луѓе во моја близина полудеа и панично почнаа да купуваат во супермаркетите“, напишал еден корисник на „Веибо“, пишува „Ројтерс“.

А локалните медиуми неодамна објавија листа на намирници и работи што треба да ги има секој дома: колачиња, инстант тестенини, витамини, радио и батериски ламби.

Со оглед на тоа што пораката за залихите предизвика паника кај многу граѓани, државните медиуми се обидоа да ја смират ситуацијата, пишува „Ројтерс“, додавајќи дека „Економик Дејли“ (The Economic Daily) објавил дека целта на таа порака е да се осигура дека граѓаните нема да останат без залихи доколку дојде до локдаун. Оттаму додаваат дека корисниците на социјалните мрежи имаат премногу имагинација и претеруваат. „Пиплс дејли“ објави дека министерството издава такви препораки секоја година, но дека оваа година го сториле тоа порано поради природните катастрофи, зголемените цени на зеленчукот и неодамнешните случаи на коронавирус.

„Ројтерс“ пишува дека екстремните временски услови на почетокот на октомври ги уништиле посевите во Шандонг, најголемиот регион каде се одгледува зеленчук, но и дека новите случаи на Ковид-19 се закануваат за нарушување на снабдувањето со храна. Како што се наведува, минатата недела повеќе од двојно се зголемиле цените на краставиците, спанаќот и брокулата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити