Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Коалициските партнери на СДСМ: Мнозинството во Собранието е стабилно

(Видео) Коалициските партнери на СДСМ: Мнозинството во Собранието е стабилно
300x250 opst2

На покана на премиерот Зоран Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство.

Од Владата соопштија дека сите партнери од парламентарното мнозинство биле присутни на средбата и изразиле поддршка на владата.

„Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот“, се согласиле коалиционите партнери.

Како што соопшти Владата, заеднички било констатирано дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија.

„Коалиционите партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување“, се наведува во соопштението.

Средбата следува по оставката на Заев што ја поднесе синоќа по објавување на првичните резултати од локалните избори.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација