Утрински Весник
Магазин

(Фото) Британската кралица возеше „јагуар“

(Фото) Британската кралица возеше „јагуар“

Кралицата Елизабета Втора е забележана за прв пат откако таа ја помина ноќта во болница минатата недела.

Таа денеска била видена како вози автомобил околу нејзиниот имот во Виндзор, истиот ден кога требаше да присуствува на самитот за климатски промени COP26 во Глазгов.

Британската кралица носеше шал и темни очила додека седеше зад воланот на „јагуар“.

Лекарите ја советувале британската кралица да одмори уште две недели. За тоа време таа нема да оди во официјални посети, објави минатата недела Бакингемската палата.

Можете да прочитате

Кинематографските продукции на GoTürkiye наградени на US International Awards 2026

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно

Мали работи што ја одржуваат љубовта