Утрински Весник
Спорт

Тотенхем му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто

Тотенхем му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто

Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Тотенхем. Португалецот на клупата на клубот од северен Лондон се задржа само два месеци. Лошата форма на тимот, безидејноста во играта и лошите резултати му пресудија на Санто.

Почетокот на сезоната беше добар за Тотенхем, тимот победи на првите три натпревари. Од тој момент започна лошата серија, во наредните седум кола, Тотенхем доживеа пет порази и забележа само две победи во Премиер лигата.

На Португалецот му пресуди поразот од Манчестер јунајтед, во саботата. Медиумите и претходно го најавуваа ова сценарио, меѓутоа од клубот тврдат дека до поразот од јунајтед, никој не размислувал за прекин на соработката со менаџерот.

Покрај Нуно Еспирито Санто, Тотенхем се раздели и со неговите помошници Јан Катро, Руи Барбоса и Антонио Дијаз.

Медиумите како нов менаџер на Тотенхем го најавуваат трофејниот тренер, Антонио Конте.

> Тотенхем му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара