Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Притвор за скопјанец кој со закана од пиштол извршил две разбојништва

Притвор за скопјанец кој со закана од пиштол извршил две разбојништва
300x250 opst2

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 21-годишен скопјанец, на 17 септември, заканувајќи се со огнено оружје – пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улица „Финска“ во Скопје. Со пиштолот му се заканил на вработениот, ги одзел парите и избегал.

На 27 октомври, пак, осомничениот влегол во продавница М-Кеш на улица „Методија Андонов Ченто“ и повторно со закана со пиштол кон вработената одзел метална каса во која имало 58.350 денари. Потоа веднаш го напуштил местото.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставиl предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“