Денеска, на ден пред вториот круг од изборите, своето право на глас можеа да го остварат вкупно 7.645 гласачи. Од нив, гласаа 6.710, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
„На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи.
Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас од запишани 266 го остварија вкупно 212 гласачи.
Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5.588, гласаа 5.287 граѓани.
Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19, пријавени беа 376, а гласаа 268 лица“, се наведува во соопштението на ДИК во кое се додава дека според информациите добиени од општинските изборни комисии, денешното гласање минало без проблеми.