Утрински Весник
Свет

Меркел подготвена за пензија, сака повеќе да чита, да се одмара и да патува

Меркел подготвена за пензија, сака повеќе да чита, да се одмара и да патува
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел изјави дека по 16 години на власт сега со нетрпение очекува да посвети повеќе време, како пензионер, на работи кои морала да ги запостави кога била на функцијата.

Меркел (67) рече дека сака да патува или малку да чита, или едноставно да ужива во слободното време знаејќи дека не може да се случи никаков можен пресврт во следните 20 минути, пишуваат германските медиуми.

Канцеларката, која во 2018 година најави дека нема повторно да се кандидира на парламентарните избори одржани во септември, ја водеше Германија низ низа кризи, вклучително и глобалната финансиска криза, мигрантската криза и пандемијата на коронавирус.

Изјавила дека годините кога била на функција ја исполнувале, но биле и предизвик поради постојаната потреба да привлекува внимание, да спречи нешто или да реагира на кризи.

„Можам со добро чувство да кажам дека е правилно некој друг да го преземе водството“, изјави Ангела Меркел.

Канцеларката во заминување, која ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада, рече дека подоцна можеби ќе дојде и малку меланхолија, но додаде дека се чувствува благодарна што може да и служи на земјата.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати