Утрински Весник
Спорт

Наполи емотивно го одбележија роденденот на Марадона

Наполи емотивно го одбележија роденденот на Марадона

Наполи и неговите навивачи не го заборавија Диего Марадона, откако го одбележаа тоа што требаше да биде 61. роденден на аргентинската фудбалска легенда.

„На овој ден во 1960 година, беше роден најголемиот на сите времиња. Среќен роденден Диего! Марадона 1960 – бесконечност“, напишаа од Наполи на социјалните мрежи.

Наполи исто така потврдија дека ќе имаат посебен дрес на мечот на 28 ноември против Лацио, со ликот на Марадона, во знак на одбележување на годишнината од неговата смрт, откако не беа поканети да играат на „Марадона купот“ во Саудиска Арабија, каде што ќе се сретнат уште два поранешни клубови на Диего, Бока јуниорс и Барселона.

> Наполи емотивно го одбележија роденденот на Марадона <

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија