Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Изложба во Њујорк одбележува 75-годишнина од раѓањето на Дејвид Боуви

Изложба во Њујорк одбележува 75-годишнина од раѓањето на Дејвид Боуви
Img 7972

Поп-ап изложба во Њујорк го слави Дејвид Боуви на претстојната 75-годишнина од неговото раѓање.

Сместено во квартот Менхетен во Сохо, каде што живееше британскиот пејач, мултимедијалното искуство под наслов „Боуви 75“ ќе остане бесплатно до јануари. Датумот на роденденот на Боуви, 8 јануари, ќе биде означен.

„Ова треба да биде прослава на Дејвид, за Дејвид и за неговите фанови“, изјави во интервју Лоренс Перер, продуцентот на „Боуви 75“.

Изложбата на облека и предмети со ликот на Боуви, кој почина во 2016 година, вклучува и продавница за сувенири – тематски маици, дуксери, тренирки, шолји, постери, книги и други работи, украсени со неговиот лик.

Исто така треба да се напомне и серија мултимедијални прикази кои имаат за цел да ја оживеат музичката икона. Боуви може да се слушне како говори за некои теми, како што е јавна интерпретација на уметнички дела, во телефонски пораки што посетителите може да ги слушаат во реплика на британската телефонска говорница К2, иста таква како на насловната корица на албумот Ziggy Stardust.

Уште едно импресивно искуство им овозможува на посетителите да го слушаат Боуви во звучен простор со опкружувачки звук (360 степени сараунд).

Можете да прочитате

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)

Денеска се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит