Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јужно-американскиот клан во ПСЖ работи против Вајналдум

Јужно-американскиот клан во ПСЖ работи против Вајналдум
300x250 opst2

Жоржињо Вајналдум не успева да се избори за место во првиот тим на ПСЖ. Холанѓанецот, во летниот преоден рок, како слободен играч се пресели на „паркот на принцовите“.

Екс играчот на Ливерпул, минатото лето беше виден како нов играч на Барселона, на крајот не можеше да им одолее на милионите и ја прифати финансики богата понуда на ПСЖ.

Од почетокот на сезоната, Вајналдум, настапил на 14 натпревар, но одиграл само 565 минути, или во просек нешто помалку од едно полувреме по натпревар.

„Екип“, тврди дека во соблекувалната на ПСЖ постои завера против Вајналдум. Овој медиуми го обвинува јужно-американскиот клан за статусот што го има Вајналдум.

Нејмар, Ди Марија, Меси и Икарди го игнорирале дури и на тренинзите, со цел место во тимот да има Леандро Паредес.

> Јужно-американскиот клан во ПСЖ работи против Вајналдум <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН