Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Тинејџерскиот феномен Оливија Родриго со најголем број номинации за Американски музички награди

Тинејџерскиот феномен Оливија Родриго со најголем број номинации за Американски музички награди
300x250 opst2

Оливија Родриго ја предводи листата со номинациите за Американските музички награди (American Music Awards 2021), каде ќе се натпреварува за главниот трофеј против фаворитите како Тејлор Свифт, „БТС“ и Дрејк.

18-годишната Родриго, која се најде на врвот на топ листите во јануари, доби седум номинации, вклучително и уметник на годината, најдобар нов изведувач и омилена поп песна за нејзиниот деби-сингл Drivers License.

Зад неа се канадскиот аренби пејач Д Викенд со шест, додека Доџа Кет, регетон-ѕвездата Бед Бани и првпат номинираниот аренби пејач Гивон добија по пет номинации.

Били Ајлиш е забележително отсутна од листата номинации и покрај тоа што го објави својот втор албум во јули. Канје Вест, чиј албум „Донда“ имаше најголема продажба во првата недела, доби само едно номинација.

Родриго, Д Викенд, К-поп бендот „БТС“, раперот Дрејк и Аријана Гранде ќе се соочат за изведувач на годината против Свифт, која минатата година ја освои титулата по рекорден шести пат.

American Music Award (AMA) е една од големите американски награди под покровителство на Американското друштво на композитори, автори и издавачи.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“