Ајреленд Болдвин добивала заканувачки пораки на социјалните мрежи и е-пошта откако нејзиниот татко, Алек Болдвин, беше вмешан во случајно пукање на сетот на вестернот Rust.
26-годишната манекенка му се заблагодари на еден фан кој сподели позитивна приказна за 63-годишниот актер, бидејќи тоа било добредојдено олеснување за неа откако била преплавена со непријателски мејлови, текстуални пораки и повици по смртта на камерманката Халина Хачинс на снимање на филм во Ново Мексико.
Ајрленд сподели скриншот од коментар од фан кој се присети на своето искуство работејќи за продуцентската компанија на детски филм со Болдвин од 2000 година, Thomas and the Magic Railroad („Томас и магичната железница“), и раскажува како единствено барање на Алек било „ да има млеко и житарки во хотелската соба кога неговата ќерка доаѓа во посета“.
Корисникот на Инстаграм додаде: „ Секогаш ќе го паметам тоа“.
Ајрланд потоа напиша: „Меѓу некои од најодвратните и заканувачки коментари, е-пошта, текстуални пораки и говорни пораки што ги добивав деновиве… овој прекрасен коментар се издвојува.
Во својата објава таа им се обрати и на сите хејтери: „Го знам татко ми, а вие не го познавате. Те сакам, тато“.