Утрински Весник
Свет

Тонга го потврди првиот случај на коронавирус од почетокот на пандемијата

Тонга го потврди првиот случај на коронавирус од почетокот на пандемијата

Пацифичкото кралство Тонга го потврди првиот случај на коронавирус од почетокот на пандемијата, објави премиерот Похива Туионето.

Островот, кој се наоѓа на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори своите граници кога започна пандемијата и досега немаше ниту еден заболен од коронавирус.

Но, еден патник од летот за репатријација од Крајстчерч е позитивен, рече премиерот на прес-конференција.

Патникот, заедно со 214 други, се изолирани и ставени во карантин.

Во авионот патувале сезонски работници и претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри што се одржаа во Токио во август, објавија локалните медиуми. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели откако беа откриени случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд.

Тонга вакцинираше 48 отсто од возрасното население со првата доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани.

Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаи во Крајстчерч, први случаи во градот за една година.

Денеска се потврдени уште два случаи, но нема да бидат воведени ограничувања во градот бидејќи здравствените власти соопштија дека епидемијата е под конрола.

Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека го истражува случајот во Тонга и додаде дека патникот имал негативен тест пред да замине од Нов Зеланд.

Можете да прочитате

Москва: НАТО се подготвува за конфликт со Русија, нека не ја минува границата

Вонредна состојба на аеродром во Германија – Прекинати сите летови

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две