Утрински Весник
Спорт

Кадровски проблеми во ПСЖ пред дербито со Лил

Кадровски проблеми во ПСЖ пред дербито со Лил

Актуелниот шампион на Франција, Лил, утре ќе гостува во Париз кај ПСЖ. Во пресрет на натпреварот, тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, се соочува со сериозни кадровски проблеми.

Аргентинецот тимот ќе го составува без четворица играчи од првиот тим. Ашраф Хакими е суспендиран поради црвениот картон од минатиот викенд. Леандро Паредес подолго време се мачи со повредата.

Марко Верати се повреди против Олимпик Марсеј и тој ќе отсуствува четири недели.

Најголемиот хендикеп за Покетино ќе биде отсуството на Килијан Мбапе. Напаѓачот има вирусна инфекција, на тренинзите ќе им се врати од понеделник. Во клубот веруваат дека ќе биде подготвен за дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите.

> Кадровски проблеми во ПСЖ пред дербито со Лил <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина