Утрински Весник
Спорт

Заврши рекордната низа на Звезда од 51 меч без пораз

Заврши рекордната низа на Звезда од 51 меч без пораз

Српскиот шампион, Црвена звезда загуби со 2:1 од Радник Сурдулица, клуб кој првпат во својата историја ги совлада „црвено-белите“ ставајќи крај на рекордната серија од 51 меч во српската Суперлига без пораз – од 14 јуни 2020 година.

Тимот на Дејан Станковиќ имаше серија од 51 меч без пораз, односно цела сезона 2020/21, а од тие 51 мечеви, тие победија на 46, и ремизираа во сасмо пет меча.

По поразот, Звезда останува на второто место на табелата по 13 кола, со 32 поени, пет помалку од лидерот Партизан.

> Заврши рекордната низа на Звезда од 51 меч без пораз <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0