Утрински Весник
Свет

Премиерот на Луксембург е обвинет за плагијат

Премиерот на Луксембург е обвинет за плагијат

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, се соочува со обвинувања за плагијат на завршниот дипломски труд на факултетот.

Бетел, на медиумите кои пишуваат за тоа, реагираше без јасно да ги отфрли обвинувањата.

„ Од денешна перспектива препознавам дека некои работи можеа да се направат поинаку, можеби требаше да се направат поинаку“ изјави премиерот на Луксембург за германската агенција ДПА.

Споменатата работа ја работел пред повеќе од 20 години, а, како што додава, тогаш ја работел со најголема совест.

Бетел реагираше на извештајот на онлајн-магазинот „Репортер.лу“, во кој се наведува дека неговата работа од 1999 година за можни реформи на изборниот систем на Европскиот парламент, на 54 од 56 страници, се состои од преземање туѓи текстови.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат