Утрински Весник
Македонија

Александар Стојкоски официјално нов градоначалник на Ѓорче Петров

Александар Стојкоски официјално нов градоначалник на Ѓорче Петров

Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски на општина Ѓорче Петров го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците.

Градоначалникот Стојкоски посочи дека со неговиот влез во Општината сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.

„Вработените во Општината, од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место кое треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес, како беше и сите изминати години, кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање“, рече Стојкоски.

Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија, потенцираше дека ќе биде човек кој како градоначалник ќе е секогаш отворен и тука за граѓаните.

„Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано“, рече Стојкоски.

Можете да прочитате

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи