Утрински Весник
Култура

Премиера на балетската претстава „Жизел“

Премиера на балетската претстава „Жизел“

На сцената на Националната опера и балет на 30 октомври со почеток во 20 часот, после 22 години со обновена верзија ќе се одигра балетската премиера „Жизел“.

„Жизел“ – магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам.

Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб.

На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се дело на нашиот долгогодишен соработник, познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера заедно со Михајло Стојановски ја изработија и сценографијата. Репетитори се Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска.

Билетите се пуштени во строго ограничен број.

Текстот Премиера на балетската претстава „Жизел“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“