Утрински Весник
Македонија

Поткуп во Радовиш – на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена политичка партија

Поткуп во Радовиш – на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена политичка партија

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица во Радовиш осомничени за поткуп за изборите – на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена политичка партија

Според информациите од МВР, пријава е поднесена против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“.

На 16.10.2021, полициски службеници во дворот на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.

„По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија“, велат од МВР.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово