Утрински Весник
Македонија

Александар Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на општина Илинден

Александар Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на општина Илинден

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.

Георгиевски како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври го освои потребниот број на гласови.

Веднаш по примопредавањето на функцијата, тој одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.

Можете да прочитате

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Маж од Дебар со зел малолетничка да живее со него

Едно лице уапсено во Кичево со дрога